Достапни линкови

Фејсбук да биде достапен за сите Иранци


Фејсбук и другите социјални мрежи треба да бидат достапни за сите Иранци, изјави иранскиот министер за култура Али Џанати. Законските ограничувања треба да бидат тргнати, рече тој, пренесува новинската агенција ИРНА. Фејсбук е меѓу илјадниците блокирани интернет страници во Исламската република, каде што има строга цензура на интернет. Сепак, бројни ирански функционери, вклучително и министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф имаат Фејсбук страници. Обичните Иранци пристапуваат до оваа популарна социјална мрежа користејќи анти-филтер алатки. Во последните неколку месеци се зачестија повиците за тргување на забраната за Фејсбук. Џанати рече дека тој не ги контролира ограничувањата на интернет, туку оти тоа е во надлежност на „Комисијата за филтрирање“, каде што Министерството за култура има еден претставник, но не образложи подетално.
XS
SM
MD
LG