Достапни линкови

Турција ги продолжи преговорите со ЕУ


Турскиот министер за европски прашања Егемен Багиш и еврокомесарот Штефан Филе, Брисел 05.11.2013.

Турција денеска во Брисел, по над три годишен прекин, ги продолжи преговорите за пристапување кон Европската унија „Ова е само почеток“, рече турскиот министер за европски прашања Егемен Багиш на прес конференцијата по официјалното отворање на 22 поглавје. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изрази надеж дека наскоро ќе бидат отворени и поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правата и слободите и на правосудството и безбедноста. Турција ги започна преговорите со Унијата во 2005 година, а преговара по 35 поглавја.
XS
SM
MD
LG