Достапни линкови

Берлин бара објаснување од Лондон за наводно шпионирање


британската амбасада во Берлин

британската амбасада во Берлин

Германското министерство за надворешни работи денеска побара од Британија да одговори на новинскиот извештај дека британската амбасада во Берлин била користена како место за тајно прислушување. Во соопштението се наведува дека министерот Гидо Вестервеле го повикал британскиот амбасадор да ги објасни наводите објавени во весникот „Индепендент“. Во текстот се прецизира дека на покривот на амбасадата имало инсталирано опрема за шпионирање. Амбасадата одби да ги коментира овие наводи.
XS
SM
MD
LG