Достапни линкови

СДСМ е против нов претседавач на Советот на Центар


Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ

Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ

„ВМРО ДПМНЕ нема никакво право да бара избор на нов претседавач на Советот на Општина Центар. Мирослав Шиповиќ е легитимно избран за претседавач, согласно волјата на граѓаните на последните локални избори“. Ова се наведува во реакцијата од СДСМ на изјавата на Томислав Лазаров од ВМРО ДПМНЕ дека Советничката група на оваа партија во Центар предложила да се избере нов претседател на Советот на општината со цел да не се блокира работењето на Советот и функционирањето на Општината. СДСМ смета дека неговото отсуство е резултат на политичкиот процес што власта го води против него.
XS
SM
MD
LG