Достапни линкови

Меркел и Нимиц: пречките за името Македонија се надминливи


.

.

Германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин имаше средба со Метју Нимиц, посредникот во грчко-македонскиот спор за името.
Во соопштението од германската влада стои дека Меркел и Нимиц се согласиле дека „пречките доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје би биле надминливи“.
Меркел го уверила Нимиц дека германската влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа.
Извори за Дојче веле од Берлин велат дека оваа средба била планирана од порано со цел германската страна да се информира за актуелните движења во спорот околу името директно од медијаторот Нимиц.
Не се пренесени никакви конкретни заклучоци ниту ставови, што е индикатор за големата претпазливост на Германија по ова деликатно прашање. Владата во Берлин во дописот до медиумите дава кратка историја на македонско-грчкиот спор за името.
Германската влада во своето соопштение нагласува дека „како ЕУ, така и НАТО повеќепати едногласно одлучија дека решавањето на спорот за името во заемна согласност е предуслов за почеток на пристапните преговори за прием со ПЈРМ“.
XS
SM
MD
LG