Достапни линкови

„Славјано-албанска Македонија“ не заслужува коментар


Министерот за надворешни работи Никола Попоски смета дека воопшто не заслужува коментар предлогот „Славјано-албанска Македонија“ што го наводно го дала грчката страна на последната рунда разговори за спорот за името во Њујорк, а кој вчера јавно го поддржал претседателот на Грција Каролос Папуљас.
За тоа дали има шанси да се постигне договор со Бугарија до декември, Попоски рече дека не сака да шпекулира околу датумите, но дека комуникацијата со Бугарија остава простор за натамошно подобрување на односите.
XS
SM
MD
LG