Достапни линкови

Во БиХ живеат 3 милиони и 800 илјади жители


Според прелиминарните резултати од пописот, што се одржа во БиХ од 1 до 15 октомври, оваа држава има 3.791.662 жители, соопшти денеска босанската Агенција за статистика.
Во Федерацијата БиХ се попишани 2.371.603 лица, во Република Српска 1.326.991 и во Дистриктот Брчко 93.028 лица.
Општина со најмногу жители во БиХ е Бања Лука, каде живеат 199.191 лице, а потоа следи Нов Град Сараево со 124.471 жители.
Според претходниот попис на населението во март 1991 година, БиХ имала 4.377.033 жители.
XS
SM
MD
LG