Достапни линкови

Грчкиот амбасадор верува во можен компромис


Харис Лалакос

Харис Лалакос

Грчкиот амбасадор во Република Македонија Харис Лалакос, верува оти може да се постигне заемно прифатливо решение за прашањето за името доколку двете страни се потрудат и достигнат простор во кој удобно ќе се чувствуваат.
Тој ова го одговори на новинарско прашање дали е оптимист дека ќе се реши прашањето за името со оглед на тоа што идната година Грција го презема претседавањето со Европската унија.
Тој на барање на новинарите да го коментира наводниот предлог „Славјанско-албанска Македонија“ посочи на демантот на грчкото МНР дека претседателот на Грција подржал таков предлог како што јавија некои медиуми. Лалакос денеска додели сертификати за завршен напреден степен на грчки јазик на вработени во МО и во АРМ.
XS
SM
MD
LG