Достапни линкови

logo-print

Јавните набавки - главен извор на „црни“ пари за партиите


Јавните набавки остануваат најголемиот извор на корупција и главен извор за „црното“ финансирање на партиите, велат познавачите.

И покрај сите предупредувања и податоци со кои стасуваат анализите, јавните набавки остануваат најголемиот извор на корупција, велат познавачите.
Најголемиот извор на корупцијата се јавните набавки. Значи, таму се кријат поголемите зделки да речеме на профитот на црно, така да се изразам, извор за финансирање на политичките партии.

„Исклучиво, и кога бев на Комисијата, и сега кога веќе не сум таму, најголемиот извор на корупцијата се јавните набавки. Значи, таму се кријат поголемите зделки да речеме на профитот на црно, така да се изразам, извор за финансирање на политичките партии“, вели поранешниот член на антикорупциската комисија Ариф Муса.

Сумите кои се објавуваат како суми на јавни набавки спроведени преку склучување директни договори се исклучително високи и речиси неверојатни, додава Муса, откако последните анализи на Центарот за граѓански комуникации ја објави таа бројка дека достигнала за првото полугодие од годинава до 22,6 милиони евра.
Техничките спецификации коишто спрема законот не треба да обезбедат нееднакви услови, значи треба да им обезбедат подеднакви услови на сите за да има конкуренција. Тие се така дефинирани што упатуваат на одреден понудувач.

Во последниот извештај на ЕК најголемите забелешки се однесуваат на корупцијата преку јавните набавки. Главните проблеми се однесуваат на транспарентноста, а особено загрижува намалениот број на конкуренцијата која е еден од главните принципи на јавните набавки, посочува поранешната антикорупционерка Вања Михајлова.

„Што е причината? Техничките спецификации коишто спрема законот не треба да обезбедат нееднакви услови, значи треба да им обезбедат подеднакви услови на сите за да има конкуренција. Тие се така дефинирани што упатуваат на одреден понудувач, значи може да ги оствари еден и со тоа, кога ќе се објават, нема интерес кај другите“, вели Михајлова.

Голем проблем при тоа е што при еден понудувач не се случува намалување на цената и нема заштеда на парите во буџетот, додава Михајлова. Законот и директивите јасно кажуваат како се спроведуваат постапките, но праксата зборува друго.

„Не треба ништо да прават политичките партии, ни тие што се на власт, ни тие што се во опозиција. Само нека ги спроведуваат законите што ги има, значи позитивната законска регулатива“, посочува Муса.

Но, не постои контрола над јавните набавки која во моментот би ги спречила неправилностите, посочува Михајлова. Тоа што го спроведува Државниот завод за ревизија е отпосле спроведена контрола и укажување, но тој не може во моментот да ги спречи прекршувањата. Во законот исто така не постојат прекршочни казни. Податоците говорат и дека бројот на жалби се намалуваат токму поради изгубената доверба во процесот и во институциите, додаваат експертите.
XS
SM
MD
LG