Достапни линкови

Односите со Албанија, пријателски, но не и едноставни


Еди Рама, премиер на Албанија.
Еди Рама, премиер на Албанија.

Односите меѓу Македонија и Албанија не се толку заострени како со другите соседни држави, но сепак постојат прашања кои се отворени, велат аналитичарите.

На површина добри и пријателски, но во суштина не толку едноставни.
Вака стручната јавност ги оценува односите меѓу Македонија и Албанија.
Потсетувајќи се на периодот кога беше амбасадор во Албанија(1998-2002), Ристо Никовски вели дека иако односите со оваа земја не се толку заострени како со другите соседни држави, сепак постојат прашања кои се отворени.
Фактот што Албанија е последната од соседните земји од целиот поширок регион за која се уште сме Поранешна југословенска Република Македонија.
Ристо Никовски, поранешен амбасадор во Тирана.
Еве кои се:

„Фактот што Албанија е последната од соседните земји од целиот поширок регион за која се уште сме Поранешна југословенска Република Македонија. Во Тирана се уште се негува еден патернализам на сите Албанци било каде да живеат, тие зборуваат за албански територии надвор од земјата, една форма на, велам, прикриен иредентизам, кој за жал, се толерира и третиот столб на тие односи ви е
Премиерот Груевски во посета на Албанија.
Премиерот Груевски во посета на Албанија.
позицијата на македонското малцинство во Албанија.“

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, пак, билатералните односи се на задоволително ниво. Имало моменти кога поради погрешни интерпретации во јавноста тие станувале затегнати, но никогаш не биле драматични, оценува Муслиу.
Со Албанија Македонија од осамостојувањето немала некои горливи прашања кои биле карактеристични со другите соседи еве на пример како со другите соседи Грција, Бугарија и Србија.
Алберт Муслиу, аналитичар.

„Со Албанија Македонија од осамостојувањето немала некои горливи прашања кои биле карактеристични со другите соседи еве на пример како со другите соседи Грција, Бугарија и Србија.“

Никовски се надева дека новата албанска влада предводена од премиерот Еди Рама ќе ги подобри отворените прашања меѓу двете земји и оти во периодот што следи ќе има европски промени.

„Поранешниот министер за надворешни работи Паскал Миљо кој е дел од коалицијата во недамнешен разговор ми рече дека ќе има многу, многу нови европски цивилизациски дострели и постигнувања на новата влада на Еди Рама.“

Во пресрет на првата посета на албанскиот премиер Еди Рама во Скопје, Муслиу очекува добри контакти и продлабочена соработка со колегите од Македонија.

„Верувам дека прашањата на Охридскиот договор, сигурно дека неговиот став што го искажа во Тирана во врска со потребата на унапредување на правата на албанската заедница во Македонија и на македонската во Албанија, сигурно ќе бидат пак присутни.“

Упатените очекуваат и подобрување на економската соработка, особено по отпочнување на изградбата на коридорот 8, што пак би ги подобрило можностите за поголема трговска соработка со Албанија преку двата крака.

Пред неколку месеци, на средбата помеѓу министерот за надворешни работи на Албанија, Алдо Бумчи и македонскиот министер Никола Попоски во Скопје, беше оценето дека билатералните односи се одлични, дека двете земји делат заедничка перспектива за членство во ЕУ, а преминувањето на границата со лични карти од страна на нивните граѓани е придобивка којашто треба да ја имаат сите држави во регионот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG