Достапни линкови

Совет на Европа со критики за миграционите политики на Балканот


Комесарот за човековите права на Советот на Европа Нилс Музникс објави истражување во кое остро се критикуваат миграционите политики на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.
Во извештајот се наведува дека станува збор за кршење на човековите права при етничко профилирање на граничните премини и конфискација на патни исправи. Тоа е посебно случај на Западен Балкан, каде што земјите се под притисок да го намалат бројот на граѓани што аплицираат за азил во ЕУ или ќе се соочат со враќање на визниот режим.
Станува збор прeтежно за Роми. Според Музнукис, само Македонија спречила 7000 Роми да ја напуштат земјата меѓу 2009 и 2012 година.
XS
SM
MD
LG