Достапни линкови

Атина - преговори за следната транша од заемот


Грција води преговори и не е во војна со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во пресрет на пристигнувањето на инспекторите на „тројката“ меѓународни кредитори во Атина.
За време на посетата на Атина, тимот на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка ќе решат дали на Грција да и ја исплатат следната транша од договорениот заем.
Посетата на тимот е најавена, откако Грција го изнесе новиот предлог за пополнување на дупката во буџетот за 2014 година.
Според проценките на „тројката“, Грција до 2015 година ќе се соочи со финансиски дефицит од 10,9 милијарди евра, поради што ќе биде потребно да се спроведат дополнителни кратења.
XS
SM
MD
LG