Достапни линкови

Домашни породувања и нерегистрирани деца


Центар за социјална работа Дебар.

Центар за социјална работа Дебар.

Во руралните средини во општините Дебар и Центар Жупа има деца кои се и на 10-годишна возраст кои сè уште не се запишани во матичните книги.

Во руралните средини во општините Дебар и Центар Жупа сè уште има случаи на домашни породувања. Оваа појава, покрај тоа што носи големи опасности по здравјето на мајките и самите новороденчиња, создава проблеми и во регистрацијата на децата.
Според нашата евиденција, во општините Дебар и Центар Жупа, кои со свои активности ги покрива нашата институција, има 13 деца кои не се запишани во матичната книга на родените.

Во двете наведени општини има деца кои се и на 10-годишна возраст кои сè уште не се запишани во матичните книги.
Центар Жупа.

Центар Жупа.


„Според нашата евиденција, во општините Дебар и Центар Жупа, кои со свои активности ги покрива нашата институција, има 13 деца кои не се запишани во матичната книга на родените. Сите тие деца се соочуваат со повеќе проблеми и ризици. Тие не можат да го следат наставниот процес и се вон образовните институции, но исто така тие деца немаат здравствена заштита поради тоа што не се евидентирани во матичните книги на родените“, вели социјалниот работник во локалниот центар за социјални работи во Дебар, Исмаил Мерсимоски.

Со години се прават напори да се надминат овие проблеми со цел овие деца да добиваат здравствена заштита, но исто така и да се вклучат во воспитно-образовниот систем, подвлекува тој.

„Ние како Центар, заедно со нашето Министерството за труд и социјална политика правиме напори овие деца да бидат вклопени и запишани во матичните книги на родените. Но, за жал, тие активности досега немаат дадено плод. Ние исто така немаме добиено објаснувања од другите надлежни институции до каде е постапката по нашите барања за регистрација на овие деца. Проблемот треба да се реши со заеднички активности на Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика“, вели Мерсимоски.

Во контактот што го имавме со семејство во селото Праленик во општина Центар Жупа, кое живее во крајна сиромаштија, а кое има нерегистрирано деветгодишно дете, ни беше речено дека детето не знае да пишува, ниту, пак, има примено вакцини.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG