Достапни линкови

Ивановиќ: во 4 општини да бидат поништени изборите


Кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица Оливер Ивановиќ смета дека изборите во четири општини во северниот дел на Косово треба да бидат поништени, бидејќи претставниците на ОБСЕ ги напуштиле избирачките места.Ивановиќ вчерашното насилство на одделни избирачки места го оцени како „политички вандализам“ и нагласи дека тоа треба да биде разгледано од сите надлежни органи. Според Ивановиќ ако изборите бидат признаени и за градоначалник на Косовска Митровица биде избран Албанец, тој нема да може да почне со работа, бидејќи нема да може да влезе во зградата.
XS
SM
MD
LG