Достапни линкови

Судењето на Морси ќе продолжи во јануари


Во Каиро веднаш по денешниот почетокот беше прекинато судењето против соборениот исламистички претседател Мухамад Морси и 14 други членови на Муслиманското братство. Судењето ќе продолжи на 8 јануари. Судијата ја донесе таквата одлука откако обвинетите почнале да извикуваат пароли против судот. Морси притоа изјавил дека тој е претседател на Египет и оти не го признава судот. Обвинетите се соочуваат со казна доживотен затвор за иницирање насилства и судири пред претседателската палата во декември 2012 година.
XS
SM
MD
LG