Достапни линкови

Контрола врз последната оаза на плурализмот?


Вака или онака, се прават обиди под контрола да се стават и он лајн медиумите. Упатените велат дека тие се последното медиумско место каде плурализмот во Македонија живее.

Воспоставувањето на контрола врз печатените и интернет медиумите ако не помине низ законот за медиуми тогаш е сосема очекувано од власта да ја протне на мала врата низ други закони, сметаат аналитичарите. Тие додаваат дека обидот на власта тоа да го наметне како потреба во новиот изборен законик е само едно отворено укажување дека бараат алтернатива и дека не се откажуваат од намерата да се воспостави контрола врз печатените и он лајн медиумите.
Ако не им помине преку законот за медиуми, тогаш тие и „бајпас“ ќе направат да се контролираат он-лајн медиумите преку изборниот законик, јас сметам дека воопшто не треба да се споментат он-лајн медиумите во изборниот законик.
Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за Радиодифузија.

Поранешниот претседател на Советот за Радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека е против законските одредби со кои се бара регулирање на овие медиуми.

„Ако не им помине преку законот за медиуми, тогаш тие и „бајпас“ ќе направат да се контролираат он-лајн медиумите преку изборниот законик, јас сметам дека воопшто не треба да се споментат он-лајн медиумите во изборниот законик.“
Собраниска дискусија за законите за медиуми.
Собраниска дискусија за законите за медиуми.

Адамчевски вели дека во ситуација кога владеачката партија нема мнозинство за да го донесе законот за медиуми во Собрание, сега прави обиди со паушални изјави да ја оддржи темата за таква регулација актуелна.

Филип Стојановски од Метаморфозис вели дека кое било загрозување на слободата на говорот е загрижувачко.
Јас мислам дека отпорот е кон тоа дека со тоа ќе биде загрозено можам да кажам под наводници неконтролираното илегално финсирање на одреден број на портали во Република Македонија.
Зоран Трајчевски, претседател на СРД.

„Особено што интернет порталите се едни од послендите простори каде што може да се види плурализам на мислење а не само плурализам на медиуми кои пренесуваат еден ист поглед на светот. “

Претседателот на СРД Зоран Трајчевски на конференцијата на тема „Добри практики и предизвици во финансирањето на политичките партии и финансирањето на изборните кампањи“, во својот говор истакна дека е потребна контрола врз интернет порталите затоа што тие се надвор од секаква регулација и ниту една институција нема увид што се случува во тој сегмент. Тој вели дека според нивната неофицијална анализа интернет порталите располагаат со милионски суми во евра и долари.

„Можеби затоа во изминатите месеци имаше жестока дебата и отпор кон двата нови закони од областа на медиумите, каде што се зборуваше дека со регулирањето на интернет порталите ќе биде загрозена слободата на изразување, јас мислам дека отпорот е кон тоа дека со тоа ќе биде загрозено можам да кажам под наводници неконтролираното илегално финсирање на одреден број на портали во Република Македонија. “

Стојановски додава дека доколку СРД има направена таква анализа треба да ја објави за да се види на што се базирани таквите заклучици.

„Сите маркетиншки истражувања со сега е дека доминантен медиуми во Македонија е телеивизијата, преку која поминуваат и најголем број од средствата, особено државни пари за реклами, а потоа се печатените медиуми, додека на интернет маргетингот отпаѓа незначителен процент.“
Кога станува збор за парите тоа е меч со две острици вели Адамчевски.
Неодамна владеачката партија ДУИ соопшти дека нема да го поддржи предложениот закон за медиуми. Преглог законот ги помина сите владини и собраниски постапки но се уште не е ставен на дневен ред на собраниска седница.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG