Достапни линкови

logo-print

Прекинато судењето на Морси


Во Каиро веднаш по денешниот почетокот беше прекинато судењето против соборениот исламистички претседател Мухамад Морси и 14 други членови на Муслиманското братство. Судијата ја донесе таквата одлука откако обвинетите почналe да извикуваат пароли против судот. Се уште не е јасно кога ќе продолжи судењето. Тие се соочуваат со обвинување за иницирање насилства и судири пред претседатлската палата во декември 2012 година. Тие можат да бидат осудени на казна доживотен затвор. Приврзаниците на Морси велат дека станува збор за политички мотивиран процес и повикаа на масовни протести. Морси стана претседател на Египет во јуни 2012 откако беа одржани демократски избори. Тој беше соборен од власт во јули годинава по масовните протести против неговото владеење.
XS
SM
MD
LG