Достапни линкови

logo-print

Демонстрации пред екс амбасадата на САД во Техеран


Техеран, 04.11.2013.

Техеран, 04.11.2013.

Голем број иранци демонстрираат пред поранешната американска амбасада во Техеран по повод денешната годишнина од нејзиното преземање во 1979 година. Иранските медиуми јавуваат дека тие извикувале „Смрт за Америка“. Ваквите демонстрации се традционални, но годинава, според аналитичарите, тие добија поголемо значење и како знак на протест против обидите на новиот ирански претседател Хасан Рохани да ги намали тензиите со западните земји околу иранската нуклеарна програма. Студентски активисти во 1979 година влегоа во амбасадата и 52 американци беа држани како заложници 444 денови.
XS
SM
MD
LG