Достапни линкови

Во Каиро почна судењето на Морси


Во Полициската академија во Каиро денеска почна судењето против соборениот исламистички претседател Мухамад Морси. Тој и четиринаесетмина други членови на Муслиманското братство се соочуваат со обвинување за иницирање насилства и судири пред претседатлската палата во декември 2012 година. Тие можат да бидат осудени на казна доживотен затвор. Приврзаниците на Морси велат дека станува збор за политички мотивиран процес и повикаа на масовни протести. Морси стана претседател на Египет во јуни 2012 откако беа одржани демократски избори. Тој беше соборен од власт во јули годинава по масовните протести против неговото владеење.
XS
SM
MD
LG