Достапни линкови

Полска-Илјадници луѓе на погребот на Тадеуш Мазовјецки


Тадеуш Мазовјецки

Тадеуш Мазовјецки

Илјадници граѓани на Полска заедно се европските лидери денеска се собраа во Варшава да присуствуваат на погребот на Тадеуш Мазовјецки, кој е првиот премиер на поранешниот Источен блок по падот на комунизмот. Продемократскиот активист и писател Мазовјецки беше советник на Лех Валенса, кој беше лидерот на движењето за слобода Солидарност, кое го собори комунистичкиот режим во Полска во 1989 година. Мазовјецки почина во понеделникот во болница во Варшава на 86 години.
XS
SM
MD
LG