Достапни линкови

Анастасиадис-нема да трпиме уцени и времени рамки за преговорите


Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис го отфрли барањето на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во рок од четири дена да бидат обновени преговорите за кипарското прашање. Тој порача дека нема да трпат уцени и поставување времени рамки во процесот.
Бан Ки Мун на вчерашната средба со специјалниот претставник на ОН за Кипар Александар Даунер, изразил загриженост заради фактот дека кипарските Грци и Турци цел месец не успеале да се договорат за заедничка декларација, со која би почнале преговорите.
XS
SM
MD
LG