Достапни линкови

Пакистанските талибанци назначија привремен лидер


Хакимулах Мехсуд

Пакистанските талибанци назначија нов лидер по смртта на досегашниот Хакимулах Мехсуд кој загина при напад на американско беспилотно лето. Талибански командат за Сервисот на Радио Слободна Европа во Пакистан, Радио Маршал изјави дека Асматулах Шахин Битани бил избран за привремен лидер, и дека се уште не одлучиле кој трајно ќе го замени Мехсуд. Пакистанските власти изразија загриженост дека поради убиството на Мехсуд ќе биде нарушен мировниот процес во земјата.
XS
SM
MD
LG