Достапни линкови

logo-print

Папуљас во посета на Албанија


Грчкиот претседател Карлос Папуљас

Грчкиот претседател Карлос Папуљас

По покана на албанскиот претседател Бујар Нишани денеска попладне во тридневна официјална посета на Албанија ќе допатува шефот на грчката држава Карлос Папуљас. Двајцата лидери ќе се сретнат утре, а ќе се обратат и на тркалезната маса посветена на албанско-грчката економија и енергетика.
Папуљас во вторник ќе престојува во јужниот албански град Ѓирокастро каде ќе ги посети подрачјата каде живее грчкото малцинство. Посетата на Папуљас на Албанија се оценува како обид да се стопи мразот меѓу двете земји, кои имаат повеќе нерешени прашања.
XS
SM
MD
LG