Достапни линкови

logo-print

Убиени двајца француски новинари во Мали


Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Француското министерство за надворешни работи потврди дека двајца француски новинари биле убиени во Мали, откако биле киднапирани од вооружена група. Според соопштението, телата на Жислен Дјупон и Клод Верлон кои работеле за Радио Франс Интернешнел биле пронајдени во северниот дел на земјата во градот Кидал, кој се наоѓа во близина на границата со Алжир. Францускиот претседател Франсоа Оланд ги осуди убиствата.
XS
SM
MD
LG