Достапни линкови

САД негираат дека е уништен мировниот процес во Пакистан


Хакимулах Мехсуд

Хакимулах Мехсуд

САД ги отфрлија тврдењата дека нападот со беспилотно летало во кој загина водачот на талибанците во Пакистан Хакимулах Мехсуд го уништил мировниот процес во земјата. Според соопштението на Стејт Департментот разговорите со милитантите биле внатрешно прашање за Пакистан. Во него е наведено и дека САД и Пакистан имаат заеднички стратешки интерес за ставање крај на екстремистичкото насилство.
Вчера пакистанското министерство за внатрешни работи оцени дека нападот врз Мехсуд негативно ќе се одрази врз мировните преговори на властите со талибанците.
XS
SM
MD
LG