Достапни линкови

Временска прогноза-сончево со умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми особено во крајните северозападни делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд. Во утринските часови ќе биде претежно тивко со појава на магла и ниска облачност долж котлините и речните долини. Попладне постепено видливоста насекаде ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 18 до 23 степени.
Во Скопје и околината претпладне се очекува да има магла и ниска облачност, а во попладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
XS
SM
MD
LG