Достапни линкови

Шеќеринска - За што уште ќе ме обвинат?


Радмила Шеќеринска.

Радмила Шеќеринска.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска дека во анкетниот лист не ја навела вилата во Маврово. На што таа возврати дека вилата и припаѓа на нејзината свекрва и била изградена пред да стапи во брак.

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска во анкетниот лист не го навела целиот имот кој го поседува со својот сопруг. Од партијата информираат дека покрај становите, Шеќеринска и нејзиниот сопруг поседуваат вила на два ката со вкупна површина од околу 200 м2 и двор од 347 м2 во Маврово.
Само од досега познатите информации семејството на Радмила Шеќеринска очигледно поседува недвижен имот во вредност од околу 650.000 евра. [...]Од каде и се и колкави се примањата во семејството Шеќеринска-Јанковски?


Светлана Јакимовска од ВМРО ДПМНЕ изјави дека вкупната вредност на имотот е околу 154.700 евра и дека вилата е градена во 2003 година кога Шекеринска била потпретседател на Владата. Куќата, според неа, е пријавена како имот на мајката на сопругот.


„Само од досега познатите информации, семејството на Радмила Шеќеринска очигледно поседува недвижен имот во вредност од околу 650.000 евра. Ако стои зад анкетниот лист, како што самата кажува, треба да и објасни на јавноста од каде и се и колкави се примањата во семејството Шеќеринска-Јанковски за да може во рекордно време да стекне толкав имот. Овој имот е стекнат за време и непосредно по завршувањето на нејзината функција вицепремиер на Владата на Македонија“, рече Јакимовска.
Се прашувам за што ќе бидам обвинета во деновиве кои проаѓаат. Дали ќе бидам обвинета и за ниската откупна цена на јаболката, дали ќе бидам обвинета за падот на Вол стрит, дали ќе бидам обвинета и за убиството на Кенеди, можеби?

Шеќеринска возврати дека станува збор за семејна куќа, која припаѓа на нејзината свекрва и која е изградена пред таа да стапи во брак

„Изгледа во четвртокот навистина допревме болна точка на која владејачката партија и премиерот немаат одговор. Затоа, денеска ја откриваат Америка и после 10 мои изјави и соопштуваат триумфално на македонската јавност дека сум одела, замислете во семејната вила во Маврово. Ако е и од ВМРО-ДПМНЕ, многу е“, рече Шеќеринска.

Според неа, обвинувањата се со цел да се создадат нови нови лаги, манипулации, напади и навреди коишто ќе го скријат фактот дека премиерот не можеше да каже ниту еден збор за дуплираниот имот на својот директор на тајната полиција и братучед.
Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг ја граделе оваа вила, а не нејзината свекрва. За тоа сами давале изјави за Глобус и Вест. Денес Радмила Шеќeринска се демантира себе си.

„Не можеше да каже ниту збор, за „техничката грешка“, замислете, од 720 илјади евра. Не можеше да каже ниту еден збор за чудната математика на неговите фирми. Затоа во овие последни два дена, ВМРО-ДПМНЕ мора да каже се што може и се што не може, само за да ја измести темата и да го премолчи тој факт“, вели Шеќеринска.

Таа вели дека е интересен начинот каква математика и какви множења и делења применува ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за другите, а каква математика применува за своите.

„Се прашувам за што ќе бидам обвинета во деновиве кои проаѓаат. Дали ќе бидам обвинета и за ниската откупна цена на јаболката, дали ќе бидам обвинета за падот на Вол стрит, дали ќе бидам обвинета и за убиството на Кенеди, можеби?“, праша Шеќеринска.

ОД ВМРО ДПМНЕ реагираа дека не е возможно свекрвата на Радмила Шеќеринска, сега пензионер, а во минатото административен работник да има вила во вредност од најмалку 150.000 евра.

„Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг ја граделе оваа вила, а не нејзината свекрва. За тоа сами давале изјави за Глобус и Вест. Денес Радмила Шеќeринска се демантира себе си“, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG