Достапни линкови

ОН повикаа на максимално учество на изборите во Косово


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун повика на максимално учество на локалните избори во Косово. Тој порача и дека слободните и фер локални избори ќе претставуваат пресвртница во јакнењето на мирот и стабилноста во земјата. Според соопштението, Ки Мун го поздравува напредокот постигнат пред одржувањето на изборите и одлучноста на сите страни да „обезбедат инклузивни избори, без застрашувања и насилства“.
На локалните избори во Косово, кои ќе се одржат утре, ќе учествуваат 103 изборни листи, утврдени од Централната изборна комисија, со вкупно 7.932 кандидати за советници.
XS
SM
MD
LG