Достапни линкови

Груевски-спорот со името не треба да ја блокира Македонија во ЕУ


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека Македонија ќе ја задржи динамиката на реформите и ќе продолжи да се движи по патот кон членството во Европската унија се додека не се постигне посакуваната цел. На отворањето на Меѓународната конференција „Европа помеѓу вредностите и предизвиците“, што се одржува денеска во Министерството за надворешни работи, Груевски порача и дека ЕУ треба да продолжи со успешната приказна за проширувањето, а запирањето на процесот со земјите од Балканот би било погрешно.
Тој оцени и дека попречената интеграција на Македонија не е одраз на замор од проширувањето или неисполнувањето на условите од наша страна, туку е сосема поинакво и за него нелогично прашање. Според него, спорот со името со Грција е многу чувствителен, но во крајна линија тоа е билатерално прашање меѓу две земји и не треба и натаму да го блокира почетокот на пристапни преговори со Македонија. Груевски порача дека е време во рамки на ЕУ да се преземат неопходни чекори и да се придвижи тој процес напред.
XS
SM
MD
LG