Достапни линкови

Германија и Бразил со резолуција до ОН против шпионажа


Германија и Бразил побраа од Генералното Собрание на ОН да усвои резолуција во која ќе бидат повикани сите земји да го почитуваат правото на приватност кое е загарантирано со меѓународното право. Предлогот бил испратен вчера до комитетот за човекови права, кој се очекува да расправа за него во овој месец. Предлог-резолуцијата повикува да се стави крај на прекумерниот електронски надзор и притоа е наведено дека нелегалното прибирање на лични податоци може да биде закана за основата на едно демократско општество.
XS
SM
MD
LG