Достапни линкови

Обама повика на просперитетен Ирак без насилство


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама повика на инклузивен и просперитетен Ирак без насилство. Обама говорејќи во Белата куќа по средбата со ирачкиот премиер Нури ал Малики рече дека САД очекуваат од Ирак да донесе закон за избори за граѓаните да можат да разговараат за нивните политички разлики наместо да прибегнуваат кон насилство. Малики изјави дека се согласува со Обама оти е потребно мирно решение за Ирак, каде во последно време имаше зголемен број на терористички напади.
XS
SM
MD
LG