Достапни линкови

Изборен молк во Косово


На полноќ започна изборниот молк Во Косово пред одржувањето на локалните избори и ќе трае се до затворањето на избирачките места утре вечер. На изборите ќе учествуваат 103 изборни листи, утврдени од Централната изборна комисија, со вкупно 7.932 кандидати за советници. Право на глас имаат 1.779.357 граѓани кои ќе избирааат советници и градоначалници во 39 општини.
Гласањето на изборите ќе го следат локални и меѓународни набљудувачи. За безбедоста е задолжена косовската полиција, а ќе бидат ангажирани и меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР.
XS
SM
MD
LG