Достапни линкови

logo-print

Конференција за 20 години Паневропска Унија на Македонија


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Меѓународна конференција насловена „Европа помеѓу вредностите и предизвиците ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи во организација на Паневропската унија на Македонија и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – ОХРИД од Скопје. Конференцијата е по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на Паневропската Унија на Македонија, а почесен говорник ќе биде премиерот Никола Груевски.
Свое обраќање ќе има и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, а на конференцијата ќе учествуваат и претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Алан Тереноар, европратениците Дорис Пак и Давор Штир, амбасадорот Георг фон Хабсбург, како и неколку десетици членови на Меѓународната Паневропска унија. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG