Достапни линкови

Пациентите се изгубија во здравствените реформи


Од електронски систем до плата по учинок и дообука на специјалисти се за подобра услуга на пациентите. Но токму најзасегантите, граѓаните ги поддржуваат промените, но велат дека од нив се уште нема ефект. За експертите, проблемот е во многубројноста на реформите и затоа тие не можат да се спроведат до крај. Се на се, здравството и натаму се соочува со добро познатите проблеми, како лошата услуга, неедуцираноста на кадрите, скапите лекови и долгото чекање за преглед и испитување.

Електронска здравствена картичка наместо сини картони, задолжителното електронско закажување на прегледи и електронските рецепти, како и пресметка на плата на лекарите по учинок се дел од најновите промени на правилата во јавното здравство. Неодамна беше воведен и проектот на Министерството за здравство „Мој термин“ преку кој лекарите на пациентите преку интернет ќе им закажуваат дополнителни прегледи и испитувања и со тоа ќе се намалат редовите за чекање во здравствените установи.
Јас лично гледам подобрување во здравството, тука опфаќам и намалување на лековите и услугата која што се нуди. Она што го преземаат како дообука, странски експерти, праќање на наши доктори на специјализација надвор, тоа го поздравувам.

Во меѓувреме министерот за здравство Никола Тодоров воведе и дрес код и правила за однесување во болниците. Претходно и ненајавено ги посетуваше здравствените установи за на лице место се увери како тие ја вршат својата работа. Тодоров ги повика и македонските лекари кои работат во странство да се вратат назад во земјава, а отиде и во САД и Кина за да ги види можностите како домашните специјалисти да се дообучат. Се на се се создава впечаток дека се работи на подобрување на состојбите во здравството, но резултатите се уште не се видливи. За тоа говорат и граѓаните кои позитивно гледаат на промените во здравството, но како сето тоа ќе влијае на услугите велат времето ќе покаже. Некои од нив и се скептични дека системот ќе функционира, бидејќи се брза со реформите.
Дури кога ќе почне да функционира тогаш, сега бидејќи не функционира, нема што да мислиме, тоа е чист популизам на владата. Јас не би можела да речам дека има некоја предност, функционира исто како што си функционираше досега.

Реформи има, а резултати?

„Подобрено е здравството во секој случај, веќе ги реновираат и болниците, прават подобри услови, но ако одиш во приватна болница нема да чекаш, ако одиш во државно може ќе почекаш малку.“

„Јас лично гледам подобрување во здравството, тука опфаќам и намалување на лековите и услугата која што се нуди. Она што го преземаат како дообука, странски експерти, праќање на наши доктори на специјализација надвор, тоа го поздравувам.“

„Кај нас се е од еднаш, не тестираат, се пробуваат одма и нормално дека нема да функционира, но сепак би требало да се среди како што наговестуваат.“
Јас мислам дека прво треба да обезбедат кадри што ќе ги спроведат тие електронски работи, а потоа да спроведуваат реформи, тоа ќе биде исто како и со вадењето на личните карти, кога падна системот, оти нема кој да го одржува.

„Дури кога ќе почне да функционира, тогаш, сега бидејќи не функционира, нема што да мислиме, тоа е чист популизам на владата. Јас не би можела да речам дека има некоја предност, функционира исто како што си функционираше досега. Нашиот министер изгледа дека премногу сака да излегува на телевизија, да го снимаат секој ден со тие негови новитети.“

„Јас имам електронска картичка веќе 3-4 месеци, но ниту ги бараат, ниту бога молат, јас не знам зошто ги дадоа тие? Зошто плативме по 250 денари? Тоа изгледа е чисто промашување!“

„Најверојатно секоја промена е добредојдена, секоја промена ќе има влијание дали негативно или позитивно ќе видиме со текот на времето“, велат анкетираните пациенти.

Старите проблеми остануваат

Но, граѓаните исто така признаваат дека остануваат и старите проблеми, како долгото чекање за преглед, несоодветниот кадар во болниците и лошите услови.
На телевизија кажуваат 1.700 лекови поевтиниле, влези во аптека и нема, пет аптеки поминувам и нема ништо.

„Она што на пример мене како пациент ми смета е тоа што не секогаш може да се добие соодветна здравствена помош, зборувам за недоволно обучени лекари или со недоволно искуство. Во тој сегмент може малку да се подобри.“
Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција во Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција во Скопје.


„Јас мислам дека прво треба да обезбедат кадри што ќе ги спроведат тие електронски работи, а потоа да спроведуваат реформи, тоа ќе биде исто како и со вадењето на личните карти, кога падна системот, оти нема кој да го одржува. Не може така, кај нас тоа малку наопаку функционира. Недостасуваат лекови, или се носат лекови кои никаде во светот не се употребуваат.“
Пристапноста до лекарска помош е значајно намалена, ургентни состојби со закажување не функционираат, а тоа се случува на терен, на некој начин мислам дека тоа е реформа која не е до крај осмислена и дефинирана.

„Еве конкретно ќе ви кажам дека за преглед на патофиза закажав во јануари, за прегледот да ми биде на 28 ноември.“

„Нема услови, многу се чека за снимки, за рентген, ти закажуваат за после три месеци, а има болни што не можат да чекаат“, велат граѓаните.

Некои се жалат и дека цената на лековите воопшто не е намалена, иако министерот за здравство Никола Тодоров најави дека околу 1.700 лекови ќе бидат достапни во аптеките по пониски цени.

„Исти лекови користам едно 3-4 години и иста цена плаќам, јас не осетив дека нешто е поевтинето, дека нешто ми се намалиле трошоците за лекови.“

„На телевизија кажуваат 1.700 лекови поевтиниле, влези во аптека и нема, пет аптеки поминувам и нема ништо, ми велат чекај после први, фондот не платил и нема лекови, мора да чекаме после први. И затоа иди во приватните аптеки има, но малку се поскапи.“

ЕУ - нема еднаков пристап до
Досега од ниту еден од објавените проекти ние немаме видено позитивен бенефит, ниту пак има излезено сериозна, стручна анализа за ефектите од тие предвремени чекори. Очигледно е дека реформите започнуваат, наидуваат на проблеми и тука се запираат.
здравствена заштита

Во последниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ е наведено дека буџетот за Министерството за здравство е зголемен во споредба со минатата година и купувањето на медицинска опрема продолжува, како и подготовките за реновирање на јавните здравствени установи. Употребата на електронски здравствени картички продолжува да се проширува. Продолжуваат напорите за развој на човечките ресурси, вклучувајќи програми за обука на здравствените работници. Правилно и навремено планирање на човечките
Општа градска болница „8-ми Септември“.

Општа градска болница „8-ми Септември“.

ресурси во здравствената заедница е приоритетна област за реформи. Сепак, според извештајот капацитетот за планирање и спроведување на програмите за јавно здравство на локално и регионално ниво останува слаб и ова ја ограничува ефективната децентрализација на здравствениот
Кај нас постојано е проблем што ние не можеме да кажеме јавно „не“, дека нешто не можеме да платиме и постојано се трудиме да им кажеме на граѓаните дека еве имате бесплатно здравство, лесен пристап до здравствена заштита, меѓутоа во ре. подари кои го искажуваат своето незадоволство.
сектор. Со ова се спречува еднаков пристап до здравствената заштита и се намалуваат здравствените индикатори за мајките и децата.

Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека не е сигурен колку ќе се подобрат состојбите во здравството, иако намерата не е лоша, бидејќи треба да се воведе некаков ред.

„Очигледно е дека во протокот на функционирањето на тој систем има некој застој кој на некој начин ги отстранува пациентите од пристапноста до лекарите. Пристапноста до лекарска помош е значајно намалена, ургентни состојби со закажување не функционираат, а тоа се случува на терен, на некој начин мислам дека тоа е реформа која не е до крај осмислена и дефинирана и мислам дека на тоа поле многу треба да се работи за да се стигне до она што би било посакуван ефект.“

Се работи нешто, но без ефект?
Еве конкретно ќе ви кажам дека за преглед на патофиза закажав во јануари, за прегледот да ми биде на 28 ноември.

Оровчанец додава дека само се создава впечаток дека се работи нешто, но без ефект.

„Во овој случај состојбата е таква да се чини дека е направена реформа, но хаосот е поприсутен и повеќе личи на Брауново движење, односно хаотично движење и дека нешто се случува, отколку реално што се случува реформа.“

И поранешниот претседател на лекарската комора, доктор Владимир Борозанов вели дека неспорно е дека беа преземени голем број на реформи, кои засега се без ефект.

„Досега од ниту еден од објавените проекти ние немаме видено позитивен бенефит, ниту пак има излезено сериозна, стручна анализа за ефектите од тие предвремени чекори. Очигледно е дека реформите започнуваат, наидуваат на проблеми и тука се запираат.“

Борозанов е скептичен дека електронскиот систем ќе профункционира.

„Очигледно дека таа не е до крај направена за да може да функционира така како што беше замислена, туку стана оптеретување и за докторите и за пациентите. Во крајна линија што е најлошо, се поништува можноста и правото на пациентот да си одбере доктор.“

Според Оровчанец остануваат истите проблеми со чекањето на ред за преглед, кое сега е подолго поради спроведувањето на реформите.

„Периодот на чекање и на прегледи, на дијагностички процедури, па и на тераписки, дали оперативни или други е значајно продолжен и одложен, така да целиот систем се пролонгира. Тука целта на реформата беше тоа да се скрати, да се направи ред, меѓутоа очигледно дека не беше до крај осмислена.“

На промените не може да им се фати крајот

Основачот на здравствената мрежа „Хелт Групер“ и поранешен заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик вели дека има многу промени кои се спроведени во краток временски период за да може објективно да се оценат ефектите.

„Сето тоа се нови проекти кои ние не сме имале време да ги проследиме. Ние сметаме дека тоа се позитивни исчекори напред, меѓутоа како тоа се спроведува во пракса тоа е веќе друга работа. Моментално ние се трудиме да направиме некои истражувања со кои би можеле да ги утврдиме позитивните и негативните страни на тие работи.“

Според Лазаревик, неспорно е дека здравството се соочува со бројни проблеми.

„Не можете вие да обезбедите се што му е потребно на населението, имате ограничени ресурси и прашањето е како ќе успеете со тие ограничени ресурси да поставите фер лимити и да имате стандард да кажете „не“ до одреден степен, кај нас постојано е проблем што ние не можеме да кажеме јавно „не“, дека нешто не можеме да платиме и постојано се трудиме да им кажеме на граѓаните дека еве имате бесплатно здравство, лесен пристап до здравствена заштита, меѓутоа во реалноста тие се соочуваат со проблеми подари кои го искажуваат своето незадоволство.“

Оровчанец порачува дека се потребни механизми за да бидат отстранети пречките во здравството. Според него мора да се работи на повеќе страни, односно да се зголеми пристапноста, како и да се едуцираат кадри на правилен начин.

Дегенерација на едукативниот систем

„Гледаме дека и министерот тука лута, те носи луѓе од Америка и мисли дека со две посети на некој курс луѓето може да станат специјалисти, па отиде во Кина, па сега со кинеска медицина ќе не лечи, значи нема една конзистентност. Едукативниот проблем е болен, долг, траен процес, не се решава ниту преку ноќ, ниту пак може да се реши со некои поединечни случаи, во таа постапка тешко заостануваме и мислам дека имаме дегенерација на едукативниот систем и влегуваме во една зона кога ќе имаме потреба од лекари, а ќе немаме лекари, посебно квалитетни.“

Според Борозанов, проблем е и кадарот, односно неговата едукација и квалитет и како пример го зема проектот за новиот Клинички центар во Скопје на кој прашање е кои лекари ќе работат.

„Она што е основно, едукацијата на студентите се помалку и помалку е квалитетна. Ете тој проект почна и наместо да биде комплетен и да се истера како што треба, бидејќи и така ќе се потрошат еден куп пари, овој сегмент никој не го прифаќа, ниту до признава.“

Во изминатите дваесет години постојано се реформира здравството, но се чини дека често се заборава дека не е само медицината онаа која го подобрува здравјето, порачува Лазаревик.

„Ние треба да почнеме да гледаме над медицината и да почнеме да вклучуваме и голем број други социјални фактори кои влијаат на здравјето на еден човек. Здравствената состојбата на луѓето во Македонија, како и во сите други земји во светот зависи од бројни економски, социјални, фактори од животна средина, фактори на лично однесување, како и условите што им ги нудат здравствени услуги, и сега тоа е клучната филозофија што се случува во светот, во Европа.“

Односно, според Лазарвик, да бидат вклучени и други видови на активност кои се вон доменот на здравствениот сектор.

„Јас повеќе би инсистирал на тоа да дел од работите што се спроведуваат се во ред, но дајте да видиме што се случува со податоците, дајте да ја видиме статистиката, како да можеме да прикажеме дека има некаков резултат, како да одговориме на потребите и на забелешките на тоа што го имаат денеска пациентите и тука се главните проблеми кои практично не се решени со години и не може да се очекува дека многу брзо ќе бидат решени.“

Борозанов порачува дека кога ќе се започне еден проект треба да се инсистира и да се работи за тој целосно да се заврши.

„Започнување на истовремено 50 реформи, па ако се погоди дека тие меѓусебе се контрадикторини или конкурентни, крајниот ефект во сите тие проекти е многу мал. Значи мој став е дека кога веќе ќе се почне еден проект концентрирај ги сите силе на тој проект и заврши го.“

Заклучокот за состојбите во здравството, како што е наведено во извештајот на ЕУ е дека е постигнат е одреден напредок во областа на заштита на потрошувачите и здравствената заштита. Понатамошен напредок во оваа област е условен од достапните ограничени финансиски ресурси и слабите функционални структури, особено во областа на заштитата на потрошувачите. Одржливоста на здравствениот систем, вклучувајќи финансиски ресурси, останува предизвик. Општо земено, според извштајот подготовките во оваа област се умерено напреднати.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG