Достапни линкови

Џон Кери в недела во Египет?


Американскиот државен секретар Џон Кери во недела ќе го посети Египет, за прв пат откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси, јавија египетските медиуми. Соединетите Држави ја замрзнаа помошта од стотици милиони долари воена помош за Египет се додека не биде видлив прогресот во врска со демократизацијата во земјата. До посетата доаѓа на ден пред почетокот на судењето на Морси, кој е обвинет за убиство на опозициони демонстранти. Вашингтон не ја најави оваа посета на Кери, кој в недела започнува турнеја низ земји од Блискиот Исток и Европа.
XS
SM
MD
LG