Достапни линкови

Кој ја кажува вистината за „името“?


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина. 2 септември 2013.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина. 2 септември 2013.

Изјава на Ахмети за името има двоен ефект. Ја зголемуваат конфузијата во информирањето за ова прашање и отвара нови моменти во врска со неговото надминување, се првичните реакции.

Најновата изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека преговорите за името не задираат во идентитетот и јазикот туку се однесуваат само на името и тоа за надворешна употреба се нови и имаат двоен ефект, од една страна ја зголемуваат конфузијата во информирањето за ова најважно прашање, а од друга страна отвараат нови моменти во врска со неговото надминување се првичните реакции.
Ако е точно тоа што го кажува Господинот Ахмети, дека не се чепка во идентитетот, тогаш може да видиме дека постои поширок маневарски простор во тие преговори, ако тоа не е точно, се поставува прашањето зошто еден дел од Владата зборува едно, а другиот друго, за исто прашање.

„Ако е точно тоа што го кажува Господинот Ахмети, дека не се чепка во идентитетот, тогаш може да видиме дека постои поширок маневарски простор во тие преговори, ако тоа не е точно, се поставува прашањето зошто еден дел од Владата зборува едно, а другиот друго, за исто прашање“, посочува Стево Пендаровски претседател на Совет за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ.

Позицијата која ја пренесува Ахмети дека грчката страна бара решение кое не се однесува на македонскиот идентитет е нова и би била чекор напред во преговорите, но таа се уште никој официјално не ја презентирал, посочува Павле Трајанов од Демократскиот сојуз кој е дел од владината коалиција.
Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.


„Сепак јас имам сомнеж дека тоа би било официјален став, затоа што тие меѓуредови досега кажуваат дека прво да се дефинира името, а потоа ќе ги решаваме другите отворени прашања. Дали во тие отворени прашања е и прашањето за идентитетот, тоа е друго прашање.“
Сепак јас имам сомнеж дека тоа би било официјален став, затоа што тие меѓуредови досега кажуваат дека прво да се дефинира името, а потоа ќе ги решаваме другите отворени прашања.

Крупен чекор кон компромис би било и доколку е вистина дека грчката страна се согласува да преговара за ново име на државава само за надворешна употреба, додава Трајанов во што исто така се сомнева дека постои расположение кај јужниот сосед.

За Пендаровски тоа е само двојно толкување на позицијата ерга омнес во истата влада што е исто така како што вели внесува дополнителна и недозволива конфузија. Во ДУИ немаат дополнителни коментари по информациите што ги изнесе Ахмети во интервју за телевизија Алсат освен дека тие се секако релевантни бидејќи се информации од прва рака по неговите средби со високи грчки претставници. Во вториот дел од изјавата околу името Ахмети предупредува дека доколку не се најде решение за проблемот со името до декември, Македонија ќе биде изолирана, ќе нема пари од европските фондови и луѓето ќе бараат пасоши од Бугарија и Албанија. За Стево Пендаровски Ахмети со ова ја менува перцепцијата создадена во јавноста дека ДУИ е подготвена и на радикални решенија доколку состојбата нема разрешница во скоро време.

„Ова што го кажува Ахмети е сосема друга работа, вели ако не се реши проблемот тогаш може да имаме изолација и во тој случај граѓаните и Македонци и Албанци ќе бараат пасоши и државјанства од други држави за да може да излегуваат од државата и едноставно за да можат да живеат поинаку, Предупредува на една друга појава која, мене ми се чини, има земено замав во изминатите неколку години и ги погодува еднакво сите етнички заедници“, посочува Пендаровски.

За Трајанов пак спорот не смее да се решава по цена на никакви закани и притисоци од домашни или од меѓународни фактори.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG