Достапни линкови

Израелски авиони нападнале воена база во Сирија?


Израелски авиони извршиле напади врз сириска територија, јавуваат агенциите, иако Тел Авив одби да потврди каков било напад. Според овие информации, целта на нападот била воена база во близина на пристаништето Латакија. Силите на сириската опозиција соопштија дека во базата биле складирани ракети од руско производство.
CNN, повикувајќи се на неидентификуван американски претставник, јави дека Израел верувал оти ракетите би можеле да бидат предадени на непријателскиот либански Хезболах.
Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека завчера била регистрирана експлозија во воздушна база близу Латакија. Либански воен претставник изјави дека 6 израелски авиони во средата летале над либанска територија.
Ова не би бил прв израелски воен напад во Сирија. Израел нападна сириски цели во близина на Дамаск во јануари и два пати во мај.
XS
SM
MD
LG