Достапни линкови

Обама ќе се сретне со ирачкиот премиер Малики


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата Куќа ќе се сретне со ирачкиот премиер Нури ал Малики. Пред средбата, Малики изјави дека барал американска воена помош во борбата против повторно заживеаната Ал Каеда во неговата земја. Говорејќи во американскиот Институт за мир, тој вчера го обвини заживувањето на екстремистичката група поради вакуумот на власта создаден со револуциите од Арапската пролет со кои беа соборени долгогодишни диктатури. Ирачкиот лидер истакна дека неговата земја има потреба од воена и помош во разузнавање во борбата против терористичката закана со која се соочува. Деновиве двопартиска група сенатори упати писмо до Обама, во кое го критикува Малики, обвинувајќи ги акциите на владата за растечкото насилство во Ирак. Сенаторите го обвинуваат Малики дека ја продолжува секташката и авторитарна агенда, која, како што истакнуваат, ја зајакнува Ал Каеда и го поттикнува насилството меѓу сунитските и шиитските муслимани.
XS
SM
MD
LG