Достапни линкови

logo-print

Нови насилства во Ирак, над 20 загинати


Најмалку 21 лице се убиени вчера во насилствата низ Ирак. Во експлозија на две автомобил- бомби во Туз Хурмату, северно од Багдад, загинале 6 луѓе, а 42 биле ранети. Мнозинството во овој град се Курди, а тој се наоѓа во спорниот регион во северен Ирак, каде што двата автономни курдски региона и централната власт во Багдад се борат за контрола.
Во Халес, исто така северно од Багдад, две автомобил бомби експлодирале во моментот кога минувала полициска патрола, при што загинале пет лица.
XS
SM
MD
LG