Достапни линкови

logo-print

Кина обвини исламски милитанти за нападот на Тијенанмен


Висок претставник на кинеските безбедносни сили соопшти дека милитантното исламистичко движење Источен Туркестан е одговорно за смртоносниот удар со автомобил што се случи во понеделникот на плоштадот Тијенанмен во Пекинг. Тој не соопшти повеќе детали, а наводната терористичка група не ја презеде одговорноста.
Во понеделникот, возило се втурна во случајни минувачина влезот на плоштадот, се преврте и се запали, при што загинаа тројца од автомобилот и двајца туристи, а десетици беа повредени. Пекиншката полиција соопшти дека злосторниците биле човек со етничко ујгурско име, неговата сопруга и мајка му. Полицијата исто така уапси пет лица идентификувани дека имале типични ујгурски имиња под сомнение за заговор во нападот, кој го нарече планиран терористички напад.
XS
SM
MD
LG