Достапни линкови

Финското МНР било цел на дигитална шпионажа


Ерки Туомиоја

Ерки Туомиоја

Финското министерство за надворешни работи било цел на „масивно“ дигитално шпионирање, откриено во почетокот на годинава, но неговите најчувствителни информации не биле засегнати. Министерот Ерки Туомиоја изјави дека полицијата почнала истрага. Тој го опиша шпионирањето како „многу софистицирано“. Портпаролката на Финската разузнавачка служба Лиину Лехто изјави дека полицијата се сомнева во вмешаност на „странска сила“, но не ја именуваше. Финската ТВ станица МТВ3, која прва ја објави сторијата, соопшти дека руската и кинеската тајна служба се осомничени оти стојат зад дигиталните напади. Финска ги информирала другите земји на ЕУ за загрозувањето на безбедноста.
XS
SM
MD
LG