Достапни линкови

Во авионите во САД ќе се укинат некои забрани за електронски апарати


Патниците во авионите во САД наскоро ќе можат да користат одредени мобилни електронски апарати за време на летовите, со многу малку рестрикции. Новите олеснети правила, објавени вчера од Сојузната администрација за авијација, ги укинува прописите кои важеа во изминатите 50 години за забрана на користење на електроника за време на полетувањето и слетувањето, а ќе стапат во сила кај повеќето американски превозници до крајот на годинава.
Промените ќе им овозможат на патниците да читаат, работат, да играат игри, да гледаат филмови и да слушаат музика.
Поврзувања на интернет за сурфање, праќање пораки, текстови или симнување податоци и натаму ќе бидат забранети на височини под 3 илјади метри. И повиците од мобилен телефон и натаму ќе бидат забранети.
XS
SM
MD
LG