Достапни линкови

logo-print

Времето сончево до крајот на неделава


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура се движи од два до девет, а дневната ќе биде од 17 до 24 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до седум и со дневна до 21 степен.

За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаба магла по котлините. Утринската температура ќе се движи меѓу нула и седум, а максималната дневна во сабота од 17 до 25, а во недела меѓу 16 и 24 степени.
XS
SM
MD
LG