Достапни линкови

Дали да се градат висококатници во Охрид?


Охридската опозиција се противи на намерата во центарот на градот да никнат неколку висококатници.

Опозицијата во охридскиот градски совет се противи на намерата во централното градско подрачје на Охрид да никнат неколку висококатници со што како што велат ќе продолжи процесот на урбана деградација на градот. Новите станбени комплекси предвидено е да се градат кај економското училиште и во близина на Факултетот за туризам, кај црквата Св. Никола помеѓу кои и четири станбени објекти П+5 + поткровје, 2 објекти П+4+поткровје, вели советникот на ВМРО-НП, Јоне Станкоски.
ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција, нивниот став беше дека во централното градско јадро не треба да има висококатници и беа против ваквиот начин на урбанизација.Изгледа го заборавија тој нивен принципиелен став.

„ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција, нивниот став беше дека во централното градско јадро не треба да има висококатници и беа против ваквиот начин на урбанизација. И затоа најголемата доверба на последните избори од граѓаните ја добија затоа што одеа со еден нов начин на урбанизација, односно Охрид да прекине со изградба на висококатници. Изгледа го заборавија тој нивен принципиелен став“, рече Станкоски.
Архивска фотографија: Седница на Совет на општина Охрид.

Архивска фотографија: Седница на Совет на општина Охрид.


Томислав Тунтев, советник од СДСМ, прашува како ВМРО-ДПМНЕ толку лесно и брзо го менува својот став во однос на ваквите планови.
Ние како локална администрација посветено работиме во сферата на урбанизмот. Отворени сме за потребите на граѓаните, бидејќи Охрид е жив град во кој живеат охриѓани кои имаат определени потреби.

„Најголемите поборници да нема згради, висококатници, трговски центри, сега ми поднесуваат планови во кои гледаме дека се нацртани згради во централното градско подрачје. Сега механизмот да се справат со тоа што го викаа урбана мафија е во нивни раце, да не ги донесат овие планови, да ги избришат зградите кои се тука нацртани. Но, тие го прават спротивното. Сега граѓаните сфаќаат дека сега се работи за една празна и неискрена манипулација“, рече Тунтев.

Двете спорни точки кои беа ставени на дневен ред на седницата во вторникот па потоа беа повлечени под образложение дека опозицијата не присуствувала на седницата воопшто не беа на дневен ред на седницата во четвртокот. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека овие точки ќе бидат ставени пред советниците на некоја од наредните седници.

Верица Хајба, советник од НСДП, праша дали и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема единство по однос на овие точки.

„Ако се погледаат фактите на двете комисии кои беа одржани за урбанизам и животна средина, а на кои советниците од Сојузот за иднината не учествуваа, од вкупно 6 советници од позицијата кои беа присутни, имавме тројца кои гласаа негативно. Дали тоа зборува дека имате проблем во позицијата во вашите советнички редови и тоа е причината поради која барате алиби?“, рече Верица Хајба, советник на НСДП.

Од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека постои поделеност во нивните редови. Димитар Спасовски, секретар во општина Охрид, вели дека за овие урбанистички планови биле добиени сите потребни мислења од страна на надлежните институции.

„Ние како локална администрација посветено работиме во сферата на урбанизмот. Отворени сме за потребите на граѓаните, бидејќи Охрид е жив град во кој живеат охриѓани кои имаат определени потреби“, рече Спасевски.
XS
SM
MD
LG