Достапни линкови

logo-print

Пресудата за Кежаровски не е работа на извршната власт, изјави Груевски


Случајот и пресудата за новинарот Томислав Кежаровски не е работа на извршната власт, таа е во надлежност на судската власт која е слободна и независна, изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со 4,5 годишната казна за Кежаровски и причината зошто е осуден.
Тој потенцира, дека коментирањето на пресудата или пак аспекти поврзани со неа не е добро во оваа фаза и особено пред таа да стане конечна и да се донесе и во писмена форма,

Пратеникот Сафет Бишевац ја праша и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за тоа кој ја изврши проценката за полициското обезбедување на протестот на новинарите за пресудата на Кежаровски.
Јанкуловска посочи дека протестот не бил најавен во матичната полициска станица и оти полицијата за него дознала по оперативен пат, но никому не му било ограничено правото на протест, ниту пак некој се пожалил на однесувањето на полициските службеници.
XS
SM
MD
LG