Достапни линкови

Почна изградбата на гасоводот Јужен крак низ Бугарија


Директорот на Газпром, Алексеј Милер денеска во Бугарија го означи почетокот на изградбата на Јужниот крак од гасоводот низ таа земја, во должина од 2380 километри. Милер денеска имаше и средба со бугарскиот премиер Пламен Орешарски, а потоа двајцата кај село Расово, во северо-западна Бугарија, присуствуваа на свеченоста. Милер изјави дека гасоводот Јужен крак е најважниот дел од европската енергетска сигурност и ќе оди преку Бугарија до европските земји, додавајки дека инвестицијата во Бугарија изнесува 3,5 милијарди евра. Газпром, со Јужниот крак ја заобиколува Украина во транспортот на гас кон Европа. Изградбата на делот од кракот во Србија ќе започне до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG