Достапни линкови

Попоски - Македонија да преговора со ЕУ и со Грција истовремено


Неодложно е потребно на Република Македонија да и се овозможи почеток на преговори и билатералниот спор да се решава паралелно со процесот на преговарање за членство во ЕУ бидејќи веќе повеќе години ги има исполнето потребните критериуми.
Ова како што изјавил за МИА министерот за надворешни работи Никола Попоски била клучната порака од денешниот министерски состанок во Будимпешта на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан на која учествува и еврокомесарот за прширување Штефан Филе.
Централна тема на состанокот, на кој министерот Попоски учествува на покана на неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи, е евроинтеграцијата на земјите од Балканот - предизвиците на патот кон ЕУ, трансформативната моќ на евроинтеграцијата, како позитивно да се влијае на процесот на проширување во ЕУ
XS
SM
MD
LG