Достапни линкови

ЕУ со 15 милиони евра српските општини на Косово


Европската комисија денеска распредели дополнителни средства од Инструментот за претпристапна помош - ИПА за поддршка на имплементацијата на „Првиот договор на принципи“ со кој се регулира нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, МИА од Брисел.
Според еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Комисијата издвои 15 милиони евра за потребите на општините со српско мнозинство на Косово, со посебен акцент врз општините на северот, а ќе се фокусира врз општинската инфраструктура, јавна администрација, руралниот и регионален развој, вработување и заштита на околината.
Според Филе, дополнителни средства за Косово ќе следат според програмата за распределба на ИПА-буџетот на ЕУ за Косово определен за оваа година, кој изнесува меѓу 65 и 70 милиони евра.
Во исто време, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Кетрин Ештон, денеска испрати порака дека локалните избори што в недела ќе се одржат на Косово се важни за новоформираната држава на Балканот, но и за импленентацијата на априлскиот договор и нормализација на односите Косово-Србија.
XS
SM
MD
LG