Достапни линкови

logo-print

ЕУ ќе ги признае аспирациите на Источното Партнерство


Европската унија уште еднаш ќе ги признае европските аспирации на шест земји од Источното партнерство, се наведувало во нацрт- декларација за самитот во Вилнус јавува Радио Слободна Европа.
Јазикот на оваа декларација е сличен со претходната во Варшава од 2011 година и е против желбите на заговорниците за проширување на ЕУ кои би сакале текст со кој признава "европска перспектива" наместо аспирација, како што е случај со земјите од Западен Балкан.
Дипломатите на ЕУ и претставници од Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина се уште работат врз конечниот текст за самитот со Источното партнерство на 28 и 29 ноември.
XS
SM
MD
LG