Достапни линкови

Рускиот пејач Лепс на американска црна листа


Американското Министерство за финансии го стави на црната листа популарниот руски пејач Григориј Лепсевирдзе – Лепс поради неговите наводни врски со меѓународна криминална група наречена Круг.
Оваа група, според Министерството за финансии, е евроазиска криминална организација која главно оперира во земјите на поранешниот Советски Сојуз.
Портпаролката на Leps во четвртокот ги отфрли обвинувањата како апсурдни. Вкупно 28 лица и субјекти сега се на црната листа на САД за наводни врски со Круг. Руски Форбс пишува дека во 2013 приходите на Лепс изнесувале 15 милиони долари.
XS
SM
MD
LG